Нарачки / Испорака / Плаќања
Нарачки и исполнување
- За купување на стоки и услуги од добавувачот преку веб – сајтот www.mintstore.mk,
купувачот потребно е да одбере од стоките и услугите кои се во моментот се нудат на страната од добавувачите , при што потребно е да направи нарачка. Купувачот не може да го одбие приемот на стоката доколку истата е испорачана согласно со условите на нарачката - Нарачките се прават преку веб сајтот www.mintstore.mk , преку посебна дефинирана форма.
- Нарачките на производи се реализираат на 4 начини: со плаќање при достава, со плаќање преку платежна картичка при нарачка, со банкарска трансакција при нарачка и со наменски кредит на рати во соработка со ФД МИНТ СН ДОО Битола.
- Откако купувачот ќе го одбере производот што сака да го купи и начинот на плаќање, притиснува на копчето нарачај, за да може нарачката да биде креирана.
- Секоја нарачка која што е неточна или некомплетна ,центарот за грижа на корисници го контактира купувачот за да може нарачката да се комплетира по дадени инструкции.
- Кога нарачката за купување со откуп при достава, платежна картичка или вирмански е креирана и комплетна,агент од центарот за грижа на корисници го информира купувачот и му доставува фактура со вклучен информации за начинот на достава.
- Кога нарачката за купување на рати е креирана и комплетна,агент од центарот за грижа на корисници ја испраќа кредитната апликација во едно од финансиските друштва.
- Кредитниот референт од едно од финансиските друштва ја прима нарачката согласно барањето на клиентот за производот и рокот на отплата.Го контактира клиентот,се договараат за условите кои ги нудат.Доколку клиентот е согласен се пристапува кон обработување на пристигната кредитна апликација.Претходно на сајтот на Mint Store при извршување на нарачката,клиентот штиклира поле каде е согласен неговите лични податоци да се искористат за да се добијат податоци од Македонско Кредитно Биро.Доколку кредитобарателот е кредитоспособен,кредитниот референт испраќа онлајн договор.Крајниот купувач добива потпишан договор и амортизационен план.
- Клиентот при креирање нарачка е согласен за обработка на неговите лични податоци и ги прифаќа условите поставени на сајтот на Минт Строе.
- Под секој производ јавно и транспарентно се прикажани максималниот број на рати што може производот да се купи и износот на ратата,како и кој добавувач го продава тој производ.
- Минт Сторе им дава понуда на посетителите на сајтот да добиваат редовни промоции и новитети,со нивна согласност.
- Откако договорот ќе биде потпишан од страна на купувачот , во рок од 48 часа од потпишување на договорот финансиското друштво ги исплаќа парите на банкарска сметка на добавувачот , и му испраќа емаил со комплетните информации од купувачот и нарачката согласно договорот за деловна соработка
- Без разлика дали нарачката е одобрена или одбиена , купувачот добива известување по емаил или смс на телефон
- Добавувачот со примање на известувањето преку емаил со информациите во врска со нарачката потребно е да го достави производот или да му дозволи да го подигнат во неговите простории , согласно договорот за деловна соработка.
Цена
- Продажните цени кои се презентирани на сајтот www.mintstore.mk или во
информативниот материјал , се цени кои што ги определуваат добавувачите - Конечната цена за купување на производите зависи од тоа дали доставата на производот е вклучена во цената или не.
- Добавувачот го задржува правото да ја промени продажната цена на сајтот , како и да прави акции , попусти и други активности со кои ќе се подобри продажбата на неговите производи
- Цената која ќе биде прикажана во емаилот на нарачката е конечна цена со пресметана достава
- Доколку количината на производи која е на располагање е на распродажба и
промоција , правило кај добавувачот е налозите за нарачка за тој тип на производ да се реализираат по редослед по кој се примени истите додека траат залихите - Добавувачот го задржува правото да додава нови производи , да повлекува производи од продажба , спроведе, откаже или промени промоции на сајтот www.mintstore.mk
Испорака и прием на пратките
- Исполнувањето на нарачката зависи од расположливоста на стоката во складиштето на добавувачот .Во случај на недостапност на поединечна стока опфатена во нарачката примачот ќе биде известен за тоа.
- Нарачките направени со плаќање со откуп при достава, платежна картичка или вирмански ги доставува Посредникот преку своја доставна служба;
- Нарачките направени со плаќање со наменски кредит ги доставува Добавувачот.
- Испораката на производите ќе се извршува на адресата која купувачот ја определил во нарачката и на начин кој го одбрал при самото правење на нарачката . Времето на испорака ќе изнесува од 7 до 10 работни дена од моментот на одобрувањето на
кредитот и испраќање на нарачката до добавувачот/посредникот . - Во време на примање на нарачката не се сметаат неработните денови. Секоја нарачка која е направена по 19 часот или во неработен ден , време на нарачката се смета наредниот работен ден .
- Испораката е до влезот на зградата или куќата , на адресата наведена во нарачката, и испораката на производите ќе биде извршена на целата територија на Република
Северна Македонија - Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран од страна на добавувачот/посредникот за времето и денот на испораката
- Веднаш откако ќе се изврши испораката , производите треба да бидат внимателно
прегледани од страна на купувачот и третото лице ( доставувачот ) , При евентуални оштетувања , удари или други штети установени при испораката, потребно е штетата да
се пријави на следниот емаил [email protected] - При предавање на производите купувачот ја потпишува испратницата и другите
пропратни документи - Во случај кога клиентот не е достапен за исполнување на порачката во договорениот термин и на наведената адреса , добавувачот/посредникот се ослободува од обврската да ги испорача повторно производите , при што купувачот ќе мора сам да ги подигне во продавниците или магацините на добавувачите
- Периодот на испорака може да се промени или продолжи во случај на виша сила , при што се подразбираат сите непредвидени и неспречливи случувања , вклучувајќи ги природните катастрофи , штрајкови , законски промени , владини и административни одлуки , под услов да можат значително да влијаат на процесот на испорака и производство на стоката. За виша сила се смета за постоечка доколку наброените случувања се случуваат на добавувачите , и ги спречуваат благовремено извршување на обврските
- добавувачот/посредникот ја обезбедува испораката на производите , со сопствен превоз или пак со испраќање преку карго достава или брза пошта до крајните купувачи во зависност од тоа како е договорено со посредникот
- Посредникот не превзема одговорност доколку производите не бидат испорачани, ако пред тоа било уредно информиран добавувачот за нарачката ,
- Замената на производите , како и враќање на производот ќе зависи од поединечните договори со добавувачите согласно нивните политики.
Враќање на производот
- Потрошувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датум на испорака. За остварување на правото на замена односно враќање на производ важи следниот услов:
- Производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот.
- Доколку дојде до откажување на одредена нарачка, Mint Store го известува добавувачот за средствата да ги врати на истата банкарска сметка на едно од финансиските друштва.
- Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот.
- Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен. По истекот на 15 дена од денот на достава,потрошувачот го губи правото на замена.
- Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и Фактура-испратница кои на потрошувачот му била издадена заедно со производот.
- Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ според желбите на потрошувачот,клиентот има право по свој избор да бара да го раскине договорот или да одбере друг производ,односно да се промени првичната нарачка.
Плаќање
Физичкото или правното лице за да биде во функција на купувач на сајтот www.mintstore.mk, може да стане наш клиент доколку се исполни еден од следните услови:
- му биде одобрен наменски потрошувачки кредит од страна на Финансиско друштво за износот на нарачката,
- изврши онлајн плаќање со платежна картичка преку сајтот www.mintstore.mk,
- Вирмански на сметка на МИНТ СТОРЕ;
- изврши плаќање при достава на производите (cash on delivery).
Во случај на плаќање преку наменски кредит:
Средствата за плаќање на нарачката Финансиското друштво директно ги префрла на банкарска сметка на добавувачот. Префрлањето на средствата ќе се изврши најдоцна во рок од 48 часа од потпишување на договорот за кредит.
Во случај на плаќање со платежна картичка преку сајтот www.mintstore.mk:
Минт Сторе преку својот интернет сајт www.mintstore.mk обезбедува пренасочување кон сигурна и стандардизирана форма за електронско плаќање во соработка со регистрирани деловни банки од Република Северна Македонија. Обработка на лични и безбедносно чувствителни податоци во овој случај обработува единствено деловната банка.
Доколку МИНТ СТОРЕ ја наплаќа продажната цена од купувачите во име и за сметка на Добавувачот согласно посебен договор со Добавувачот, преку виртуелен ПОС терминал од регистрирана деловна банка во Република Северна Македонија или вирмански преку стандардна банкарска трансакција, ќе ја пренесе на Налогодавачот целосната наплатена сума во рок од 15 дена сметано од првиот ден по наплатата, при што цената се смета за платена на денот на уплата кај МИНТ СТОРЕ.













