Твојот cheat codе за нега на кожа: Креирај ја идеалната рутина
Дали знаевте дека 80% од луѓето користат погрешна козметика за својот тип на кожа? Правилната нега на кожа започнува со препознавање на вашиот тип кожа. Здрава и негувана кожа не е резултат на случајност, туку на правилно избрани производи и конзистентна рутина.
Кога ќе го разберете вашиот тип, негата станува едноставна, ефективна и далеку поуспешна. Наместо да пробувате различни производи без резултат, ќе изградите рутина што навистина работи.
Како да го одредите вашиот тип на кожа?
По миење на лицето со благ гел, оставете ја кожата без производи 30–60 минути.
- Ако чувствувате затегнатост и сувост – имате сува кожа
- Ако лицето брзо се замасти, особено во Т-зоната – масна кожа
- Ако Т-зоната (чело, нос, брада) е масна, а образите суви – комбинирана кожа
- Ако често имате црвенило, пецкање или реакции – чувствителна кожа
- Ако кожата е балансирана без изразени проблеми – нормална кожа
Откако ќе го одредите типот, време е за најважниот чекор, создавање на идеална рутина. Но доколку не знаете од каде да започнете, ние во Mint Store сме тука да ви помогнеме со предлог на производи кои се „златен стандард“ во светот на убавината и нега на кожа.
Зрела и уморна кожа
Ако забележувате фини линии, губење на тонусот или едноставно сакате вашето лице да изгледа „скапо“ и негувано, вашиот сојузник е Vichy.
- Чекор 1 (Серумот е клучот): Vichy Liftactiv Collagen Specialist Serum – Вистински „архитект“ на вашата кожа кој го стимулира колагенот.
- Чекор 2 (Заклучување на влажноста): Vichy Liftactiv Collagen Specialist Крем – За кожа која е цврста и еластична на допир.
Масна и проблематична кожа
Акни, митесери или проширени пори? Не ги мачете со агресивни сапуни. Ви треба паметна контрола со La Roche-Posay Effaclar линијата.
- Чистење: Effaclar Gel Moussant (400ml) – Го елиминира вишокот себум, а кожата останува чиста и свежа.
- Третман: Effaclar DUO(+) – Култен производ кој ги „брише“ дамките и спречува појава на нови акни.
- Дополнителна нега: Ако вашата кожа станала дехидрирана од третмани против акни, спасот е во Effaclar H Iso-Biome Lavante.
Чувствителна и дехидрирана кожа
Црвенило, пецкање или „жедна“ кожа? Bioderma Sensibio и Cicaplast се тука да го вратат мирот на вашето лице.
- Чистење: Bioderma Sensibio Мицеларна вода (500ml) – Светски број 1 избор за чистење шминка без иритација.
- Длабинска хидратација: La Roche-Posay Hyalu B5 Serum – Две чисти хијалуронски киселини за кожа која веднаш станува „полна“ и свежа.
- Специјалист за црвенило: Bioderma Sensibio AR – Крем кој го смирува црвенилото на биолошко ниво.
- SOS нега: Cicaplast Baume B5 – За оштетена кожа која има потреба од брзо закрепнување.
Редоследот е клучен: Основни правила за нега на кожа
Правилниот редослед му помага на лицето подобро да ги апсорбира активните состојки.
Дневна рутина: Заштита и Хидратација
Дневната рутина треба да му обезбеди на лицето заштита од сите влијанија во текот на денот (сонце, ветер, загадување), но и максимално да го хидрира.
Чекор 1: Чистење
Наутро, измијте го лицето со средство кое одговара на вашиот тип кожа.
За масна кожа: Користете го La Roche-Posay Effaclar Gel Moussant за темелно чистење на порите.
За чувствителна кожа: Изберете ја Bioderma Sensibio Мицеларната вода која е нежна и не ја иритира кожата.
Чекор 2: Третман (Активни состојки)
Прв производ кој треба да навлезе длабоко во чистата кожа е серумот со активни состојки. Тие ја неутрализираат штетата од УВ зрачењето и загадувањето.
- Наш предлог: Vichy Liftactiv Collagen Specialist Serum за зацврстување и регенерација.
Чекор 3: Хидратантен серум
Третманите имаат помошни состојки, но за повеќето типови кожа тоа не е доволно. Веднаш после третманот, нанесете хидратантен серум кој ќе и помогне на кожата да го „издржи“ денот. Обезбедете дополнителен слој влажност со Hyalu B5 Serum.
Чекор 4: Хидратантна крема
На сите типови кожа им треба крема! Таа има функција да ги „затвори“ сите претходни состојки во кожата и да обезбеди финална заштита.
- За сува/зрела кожа: Vichy Liftactiv Collagen Specialist Крем.
- За проблематична кожа: La Roche-Posay Effaclar Duo(+).
- За црвенило: Bioderma Sensibio AR.
Чекор 5: Заштитен фактор (SPF)
Ова е најважниот чекор! Без разлика на годишното време, заштитниот фактор го спречува предвременото стареење и оштетувањата од сонцето. Нанесувајте го како последен чекор пред шминката.
Ноќна рутина: Регенерација и Одмор
Додека спиете, вашата кожа работи „прекувремено“ за да ги поправи оштетувањата настанати во текот на денот. Ноќната рутина треба да биде насочена кон длабинско чистење и интензивна обнова.
Чекор 1: Двојно чистење (Double Cleanse)
Навечер е клучно прво да ја отстраните шминката.
- Прво, искористете ја Bioderma Sensibio Мицеларната вода за да ја „растопите“ шминката без триење.
- Потоа, измијте го лицето со гел (како Bioderma Sebium Gel Moussant) за да бидете сигурни дека порите се целосно чисти.
Чекор 2: Интензивна регенерација
Ноќта е време за посилни серуми. Ако се борите со неправилности, нанесете го Effaclar Duo(+) на критичните зони. Ако целта е подмладување, повторете го колагенскиот третман.
Чекор 3: SOS нега и обнова на бариерата
Ако вашата кожа е иритирана или сува од студ и ветер, навечер нанесете го магичниот Barier Cica серум во комбинација со Barier Cica Gel крем од Uriage за обнова на кожата додека вие спиете.
Чекор 4: Ноќна хидратација
Завршете со похранлив крем како Vichy Liftactiv Collagen Specialist. Наутро ќе се разбудите со кожа која е мека, одморена и сјајна.
Креирај ја твојата рутина денес
Правилната нега на кожа не мора да биде комплицирана. Кога ќе го одредите вашиот тип на кожа и ќе ги следите основните чекори, резултатите стануваат видливи. На Mint Store ќе ги најдете сите производи потребни за комплетна и професионална рутина, од нежно чистење до напредни серуми и креми.
Бидејќи кога кожата ја добива вистинската грижа, таа враќа со здрав сјај, самодоверба и чувство на удобност секој ден. Започнете ја идеалната рутина денес – вашата кожа ќе ви биде благодарна.














