„Монако“ е модел на тросед со компактни димензии кој совршено се вклопува во секој амбиент.
Поради својот паметен и економичен дизајн, тој е идеално решение за дневни престои, детски, младински или гостински соби каде што просторот е ограничен, а комфорот е неопходен.
Вкупни димензии на троседот: 205 x 100 cm (екстра компактен, заштедува максимум простор)
Простор за спиење (чиста површина): 190 x 150 cm (широк и удобен француски лежај за две лица)
Основата е изработена од масивна букова граѓа, што гарантира долговечност, висока стабилност и отпорност при секојдневно користење.
Седиштето и површината за спиење се изработени од висококвалитетен сунѓер со дебелина од 10 cm и висока густина S30, кој нуди одлична анатомска поддршка и не ја губи формата со текот на годините.
Изработен од квалитетни, водоотпорни мебел штофови кои се исклучително лесни за чистење и одржување.
Вклучува практична кутија за складирање под седиштето.
За беспрекорна хигиена, внатрешноста на кутијата е комплетно изработена од бела иверица и бел лесонит – мазни површини кои лесно се бришат и не задржуваат прашина или мириси.
Едноставен механизам кој за неколку секунди го претвора овој компактен тросед во голем и рамен кревет за спиење.
















