Новости

Довербата има свој знак – Mint Store со беџ за верификуван е-трговец

Со големо задоволство и гордост објавуваме дека Mint Store го доби беџот „Верификуван е-трговец“, од АЕТСМ (Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија.), што претставува значајно признание за квалитетот, безбедноста и транспарентноста на нашето работење.

Овој беџ не е само визуелен симбол, туку јасна потврда дека Mint Store ги исполнува највисоките стандарди за сигурна и регулативно усогласена е-трговија. Тој гарантира дека купувачите можат да пазаруваат со доверба, знаејќи дека се на платформа која работи според најдобрите практики во индустријата.

За нас, ова признание има особено значење. Тоа е резултат на континуирана посветеност кон подобрување на корисничкото искуство, јасна и транспарентна комуникација, како и постојано унапредување на услугите што ги нудиме на Mint Store.

Како дел од заедницата што ја гради иднината на онлајн купувањето во Македонија, веруваме дека довербата се гради со дела, а не со зборови. Токму затоа, овој беџ го гледаме не како крајна цел, туку како обврска да продолжиме со усовршувањето на корисничкото искуство. 

Како платформа што обединува разновидна понуда на производи на едно место, остануваме фокусирани на нашата мисија – да овозможиме лесно, безбедно и пријатно онлајн купување.

Mint Store – Вашиот online трговски центар.