Општи услови за Mint Store

Одредби и услови за онлајн –продажба на стоки и услуги преку платформата

Име на веб-сајтот: www.mintstore.mk

  1. Општи одредби

Овие услови и правила се наменети за продажба на стоки и услуги за физички и правни лица преку веб-страната www.mintstore.mk . Предмет на овие Општи одредби е утврдување на условите за онлајн нарачка , плаќање и купување на производи преку веб сајтот www.mintstore.mk . Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб страната www.mintstore.mk, нарачува и купува производи и услуги .

  1. Дефиниции

Следните термини и услови кои се користат во овoј документ ги имаат следните значења:
Услови и Одредби :

  • www.mintstore.mk – Интернет страница ( сајт) достапна на секој пребарувач со
    испишување на www.mintstore.mk , кој се користи од страна на добавувачите за да
    продаваат стоки и услуги на рати за физички и правни лица , кои во понатамошниот текст се именовани како Купувачи ,
  • Корисник – Корисници на www.mintstore.mk се добавувачи и купувачи односно ,
    Добавувачите се правни лица кои што сакаат да продадат стоки или услуги , додека пак купувачи се физички или правни лица кои што сакаат да купат.
  • Посредник – Правното лице Минт Сторе  Дооел  Битола , го изработи и го одржува сајтот
    www.mintstore.mk, како и посредува на едно место да можат да се рекламираат и продаваат добавувачите, односно купувачите да можат онлајн да набават стоки и услуги кои ќе можат да ги платат на рати
  • Стоки или услуги преставуваат онлајн купени стоки или добиени услуги кои купувачите ги добиваат од добавувачите преку посредниците кои ги плаќаат на рати .
  • Финансиско друштво –  ФД Минт СН ДОО Битола ги финансира купувачите по пат на кредит за да го извршат купувањето ,
  • Стоки – се подразбираат предмети , софтвер , технологија , услуги и се останато што може одреден добавувач да го понуди на пазарот
  1. Нарачки и исполнување
  • За купување на стоки и услуги од добавувачот преку веб – сајтот www.mintstore.mk,
    купувачот потребно е да одбере од стоките и услугите кои се во моментот се нудат на страната од добавувачите , при што потребно е да направи нарачка. Купувачот не може да го одбие приемот на стоката доколку истата е испорачана согласно со условите на нарачката
  • Нарачките се прават преку веб сајтот www.mintstore.mk , преку посебна дефинирана форма.
  • Нарачките на производи се реализираат на 4 начини: со плаќање при достава, со плаќање преку платежна картичка при нарачка, со банкарска трансакција при нарачка и со наменски кредит на рати во соработка со ФД МИНТ СН ДОО Битола.
  • Откако купувачот ќе го одбере производот што сака да го купи и начинот на плаќање, притиснува на копчето нарачај, за да може нарачката да биде креирана.
  • Секоја нарачка која што е неточна или некомплетна ,центарот за грижа на корисници го контактира купувачот за да може нарачката да се комплетира по дадени инструкции.
  • Кога нарачката за купување со откуп при достава, платежна картичка или вирмански е креирана и комплетна,агент од центарот за грижа на корисници го информира купувачот и му доставува фактура со вклучен информации за начинот на достава.
  • Кога нарачката за купување на рати е креирана и комплетна,агент од центарот за грижа на корисници ја испраќа кредитната апликација во едно од финансиските друштва.
  • Кредитниот референт од едно од финансиските друштва ја прима нарачката согласно барањето на клиентот за производот и рокот на отплата.Го контактира клиентот,се договараат за условите кои ги нудат.Доколку клиентот е согласен се пристапува кон обработување на пристигната кредитна апликација.Претходно на сајтот на Mint Store при извршување на нарачката,клиентот штиклира поле каде е согласен неговите лични податоци да се искористат за да се добијат податоци од Македонско Кредитно Биро.Доколку кредитобарателот е кредитоспособен,кредитниот референт испраќа онлајн договор.Крајниот купувач добива потпишан договор и амортизационен план.
  • Клиентот при креирање нарачка е согласен за обработка на неговите лични податоци и ги прифаќа условите поставени на сајтот на Минт Строе. 
  • Под секој производ јавно и транспарентно се прикажани максималниот број на рати што може производот да се купи и износот на ратата,како и кој добавувач го продава тој производ.
  • Минт Сторе им дава понуда на посетителите на сајтот да добиваат редовни промоции и новитети,со нивна согласност.
  • Откако договорот ќе биде потпишан од страна на купувачот , во рок од 48 часа од потпишување на договорот финансиското друштво ги исплаќа  парите на банкарска  сметка на добавувачот , и му испраќа емаил со комплетните информации од купувачот и нарачката согласно договорот за деловна соработка
  • Без разлика дали нарачката е одобрена или одбиена , купувачот добива известување по емаил или  смс на телефон
  • Добавувачот со примање на известувањето преку емаил со информациите во врска со нарачката потребно е да го достави производот или да му дозволи да го подигнат во неговите простории , согласно договорот за деловна соработка.
  1. Цена
  • Продажните цени кои се презентирани на сајтот www.mintstore.mk или во
    информативниот материјал , се цени кои што ги определуваат добавувачите
  • Конечната цена за купување на производите зависи од тоа дали доставата на производот е вклучена во цената или не.
  • Добавувачот го задржува правото да ја промени продажната цена на сајтот , како и да прави акции , попусти и други активности со кои ќе се подобри продажбата на неговите производи
  • Цената која ќе биде прикажана во емаилот на нарачката е конечна цена со пресметана достава
  • Доколку количината на производи која е на располагање е на распродажба и
    промоција , правило кај добавувачот е налозите за нарачка за тој тип на производ да се реализираат по редослед по кој се примени истите додека траат залихите
  • Добавувачот го задржува правото да додава нови производи , да повлекува производи од продажба , спроведе, откаже или промени промоции на сајтот www.mintstore.mk
  1. Испорака и прием на пратките
  • Исполнувањето на нарачката зависи од расположливоста на стоката во складиштето на добавувачот .Во случај на недостапност на поединечна стока опфатена во нарачката примачот ќе биде известен за тоа.
  • Нарачките направени со плаќање со откуп при достава, платежна картичка или вирмански ги доставува Посредникот преку своја доставна служба;
  • Нарачките направени со плаќање со наменски кредит ги доставува Добавувачот.
  • Испораката на производите ќе се извршува на адресата која купувачот ја определил во нарачката и на начин кој го одбрал при самото правење на нарачката . Времето на испорака ќе изнесува од 7 до 10 работни дена од моментот на одобрувањето на
    кредитот и испраќање на нарачката до добавувачот/посредникот .
  • Во време на примање на нарачката не се сметаат неработните денови. Секоја нарачка која е направена по 19 часот или во неработен ден , време на нарачката се смета наредниот работен ден .
  • Испораката е до влезот на зградата или куќата , на адресата наведена во нарачката, и испораката на производите ќе биде извршена на целата територија на Република
    Северна Македонија
  • Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран од страна на добавувачот/посредникот за времето и денот на испораката
  • Веднаш откако ќе се изврши испораката , производите треба да бидат внимателно
    прегледани од страна на купувачот и третото лице ( доставувачот ) , При евентуални оштетувања , удари или други штети установени при испораката, потребно е штетата да
    се пријави на следниот емаил [email protected]
  • При предавање на производите купувачот ја потпишува испратницата и другите
    пропратни документи
  • Во случај кога клиентот не е достапен за исполнување на порачката во договорениот термин и на наведената адреса , добавувачот/посредникот се ослободува од обврската да ги испорача повторно производите , при што купувачот ќе мора сам да ги подигне во продавниците или магацините на добавувачите
  • Периодот на испорака може да се промени или продолжи во случај на виша сила , при што се подразбираат сите непредвидени и неспречливи случувања , вклучувајќи ги природните катастрофи , штрајкови , законски промени , владини и административни одлуки , под услов да можат значително да влијаат на процесот на испорака и производство на стоката. За виша сила се смета за постоечка доколку наброените случувања се случуваат на добавувачите , и ги спречуваат благовремено извршување на обврските
  • добавувачот/посредникот ја обезбедува испораката на производите , со сопствен превоз или пак со испраќање преку карго достава или брза пошта до крајните купувачи во зависност од тоа како е договорено со посредникот
  • Посредникот не превзема одговорност доколку производите не бидат испорачани, ако пред тоа било уредно информиран добавувачот за нарачката ,
  • Замената на производите , како и враќање на производот ќе зависи од поединечните договори со добавувачите согласно нивните политики.
  1. Враќање на производот
  • Потрошувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датум на испорака. За остварување на правото на замена односно враќање на производ важи следниот услов:
  • Производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот.
  • Доколку дојде до откажување на одредена нарачка, Mint Store го известува добавувачот за средствата да ги врати на истата банкарска сметка на едно од финансиските друштва.
  • Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот.
  • Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен. По истекот на 15 дена од денот на достава,потрошувачот го губи правото на замена.
  • Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и Фактура-испратница кои на потрошувачот му била издадена заедно со производот.
  • Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ според желбите на потрошувачот,клиентот има право по свој избор да бара да го раскине договорот или да одбере друг производ,односно да се промени првичната нарачка.
  1. Плаќање

Физичкото или правното лице за да биде во функција на купувач на сајтот www.mintstore.mk, може да стане наш клиент доколку се исполни еден од следните услови:

  • му биде одобрен наменски потрошувачки кредит од страна на Финансиско друштво за износот на нарачката,
  • изврши онлајн плаќање со платежна картичка преку сајтот www.mintstore.mk,
  • Вирмански на сметка на МИНТ СТОРЕ;
  • изврши плаќање при достава на производите (cash on delivery).

Во случај на плаќање преку наменски кредит:

Средствата за плаќање на нарачката Финансиското друштво директно ги префрла на банкарска сметка на добавувачот. Префрлањето на средствата ќе се изврши најдоцна во рок од 48 часа од потпишување на договорот за кредит.

Во случај на плаќање со платежна картичка преку сајтот www.mintstore.mk:

Минт Сторе преку својот интернет сајт www.mintstore.mk обезбедува пренасочување кон сигурна и стандардизирана форма за електронско плаќање во соработка со регистрирани деловни банки од Република Северна Македонија. Обработка на лични и безбедносно чувствителни податоци во овој случај обработува единствено деловната банка.

Доколку МИНТ СТОРЕ ја наплаќа продажната цена од купувачите во име и за сметка на Добавувачот согласно посебен договор со Добавувачот, преку виртуелен ПОС терминал од регистрирана деловна банка во Република Северна Македонија или вирмански преку стандардна банкарска трансакција, ќе ја пренесе на Налогодавачот целосната наплатена сума во рок од 15 дена сметано од првиот ден по наплатата, при што цената се смета за платена на денот на уплата кај МИНТ СТОРЕ.

 

  1. Гаранција
  • Гаранцијата за одредени производи и услуги кои што се предмет на купопродажба на добавувачот и купувачот , ја издава и одговара добавувачот
  • Минт Сторе  се оградува од одговорност при извршување на транспортот (манипулација) на стоките и нивната гаранција.

 

  1. Политика на приватност – ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ТУКА
  • Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб страната Минт Сторе објаснува како ги користи податоците на купувачите, а се однесува на нашиот веб сајт. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Посредникот посветува големо внимание на собирање, чување и
    обработка на личните податоци на купувачите , со добра волја , во насока на добро
    утврдени , јасни цели и во согласност со Законот за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и други соодветни закони
  • Посредникот  има право да собира и користи податоци за купувачите . Информациите со кои купувачот може да се идентификува опфаќаат имиња ,презимиња, локација , адреса на електронска пошта ,телефонски број  како и други лични податоци кои се потребни за да може нарачката да биде реализирана и испорачана од добавувачот.
  • Минт Сторе Дооел  ги проследува личните податоци на купувачите на едно од финансиските друштва за да може кредитната апликација да биде обработена.Понатаму финансиките друштва постапуваат согласно нивните политики за заштита на личните податоци.
  • Ние можеме да ги споделуваме податоците  за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме  личните  податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.
  • Користиме социјални мрежи само за маркетинг цели и полесна комуникација со заинтересираните купувачи,со цел да ги подобриме искуствата.За нарачка на определени производи потребно е купувачите  да пристапат на нашиот сајт.
  •  Сите наши вработени се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со податоците како со информации од доверлива природа
  • При посета на сајтот на Mint Store ,вибер комуникација,коментирање на социјални медиуми,контактирање преку социјални медиуми  и сл нема да вршиме прибирање на лични податоци доколку посетителите тоа не го направат доброволно.
  • Минт Сторе  го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.

Права на купувачите во  однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидат информирани за обработката на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на бришење на личните податоци
  • право на приговор
  • Политика за лица под 18 години – Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица.
  1. Услови на употреба
  • Со внесување  е-маил адреса купувачот  се согласува да добива дневни известувања за новите промотивни понуди. Можете согласноста да биде повлечена во  било кое време.
  • Исто така при пристап на сајтот на Mint Store можете да дадете согласност за да добивате редовни понуди или истиот тој прозорец да го одбиете.
  1. Прифаќање на УСЛОВИТЕ НА УПОТРЕБА
  • Mint Store го поседува и менаџира сајтот www.mintstore.mk. Јавно достапни содржини , се содржините во врска со карактеристиките на
    производите и услугите кои се продаваат на веб сајтот.
  1. Употребување на сајтот

Како предуслов на сајтот, купувачите  се согласуваат дека:

  • Не им е законски забрането да користите одредени услуги или производи
  • Ќе правите легитимни купувања кои се во согласност со условите на сајтот на Mint Store.
  1. Пристап до сајтот

Mint Store го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Mint Store, и Mint Store не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на Mint Store е да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Mint Store има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.

  1. Измена на Условите на користење

Mint Store го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на користење и/или од Политиката за заштита на лични податоци како што смета дека е неопходно или пожелно.

  1. Кодекс на однесување на крајниот корисник

Сите интеракции на сајтот мора да се во согласност со овие Услови на Употреба. Доколку забележиме дека  однесувањето на некој постител му попречува или му забранува на било кој друг корисник да го употребува било кој дел од сајтот, може да го ограничиме  пристапот и користење на сајтот.

Mint Store ќе го ограничи секој пристап  на корисник кој што шири говор на омраза.терористички акции,дискриминација,увредливи зборови.

  1. Услови на купување

Со купување или добивање на било која понуда на сајтот обезбедена од било кој Продавач, посетителот на сајтот  се согласувате со овие Услови на употреба,.

  1. Специјални програми

Со учествувањето во било која програма, маркетинг промоција, игра или друга активност организирана од Mint Store Вие се согласувате со овие Услови на употреба.

  1. Електронска комуникација

Кога го користите сајтот или испраќате електронски (е-маил) пораки до Mint Store, посетителите  комуницирате со нас по електронски пат и се согласуваат да примаат електронски пораки од нас во врска со употребата на сајтот. Ние ќе комуницираме со заинтересираните посетители  преку е-маил или преку поставување нотификации или коментари на сајтот. Посетителите се согласни  дека сите спогодби, забелешки или друга комуникација која  е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ.

  1. Безбедност на Податоците

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци.Се користи НТТPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери.Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер до кој само ние имаме пристап.

Обработката на личните податоци се врши преку “клауд” услуга која е обезбедена.Cloud provider со кој како обработувач е случен договор со кој во целост се почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

Ние шифрираме одредени чувствитлни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.

  1. Завршни одредби

Овие одредби важат од 01.09.2025 година.

  • Посредникот има право да врши измени и дополнувања на одредбите и условите, како и воведување на нови верзии на истите ,
  • Секоја измена која го засега добавувачот треба да биде во согласност со истиот
  • Општите услови за работа на посредникот се составен дел од овие одредби и услови
  • Сите спорови кои настануваат во врска со услугите кои ги нуди посредникот преку
    страницата www.mintstore.mk ги решава соодветно за тоа надлежниот суд според
    законот на седиштето на посредникот
  • За сите прашања кои не се опфатени со овие одредби и услови , меродавни се
    одредбите на важечките закони на Република Северна Македонија
  • На страницата www.mintstore.mk објавени се сите информации за понудените
    производи и услуги од страна на добавувачите , во склад со податоците од
    производителот.