Политика на приватност
- Што се лични податоци и останатите употребени термини
Лични податоци – Се податоци поврзани со Вас и кои ве идентификува Вас лично, дали сами или во комбинација со други податоци кои ни се достапни. Ние ги собираме потребните лични податоци од Вас кои што се од различни категории, кои ќе ни ги доделите, вклучувајќи ја и вашата кредитна историја.
Е вести – Се електронски вести кои вклучуваат вести за информирање, понуди, настани, промоции и било кои други вести кои Mint Store сака да ги сподели со Вас (со ваша претходна согласност).
Контролор – МИНТ СТОРЕ увоз-извоз Битола
Обработувач:
– ФД Минт СН ДОО Битола – Финансискo друштвo коe согласно Договорите за соработка обработуваа лични податоци на Купувачите за обработка на апликациите и овозможува отплатата на нарачките да се одвива на рати, доколку Купувачите ги исполнуваат потребните услови.
Добавувачи – Се партнери со кои Mint Store има склучено Договор за соработка чии услуги и производи се промовираат и продаваат. Добавувачите потпишуваат и изјава за заштита на личните податоци на Купувачите. Ние ќе споделуваме лични податоци со Добавувачите само ако се вклучите во некоја активност која бара идентификација, и само со Добавувачот кој е вклучен во таа активност за која се барало идентификација. Ние не превземаме било каква одговорност за постапките на Добавувачите. Ние ги информираме дека им е дозволено да комуницираат со Вас исклучиво за остварување на целта односно за одредени производи за кои што е направена нарачка.
Купувачи – Клиентите кои што ги користат услугите на Mint Store.
Политиката на приватност ги содржи практиките за приваност на веб страната https://www.mintstore.mk/, објаснува како ги користи податоците на купувачите.
Ние ја вреднуваме Вашата доверба која ни ја имате покажано преку споделување на Вашите лични информации со нас, и ќе ги третираме вашите лични податоци во рамките на оваа политика, важечкото законодавство и Вашите желби.
Со политиката на приватност се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ние посветуваме големо внимание на собирање, чување и обработка на личните податоци на купувачите, со добра волја, во насока на добро утврдени, јасни цели и во согласност со Законот за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и други соодветни закони.
Ние имаме право да собираме и користиме лични податоци за купувачите. Ние Ги користиме Вашите лични информации за процесирање на вашите нарачки, испраќање е-вести за кои претходно сте се согласиле. Истовремено ги користиме Вашите лични податоци за подобрување на нашите услуги и Вашето искуство кога купувате кај нас.
Оваа политика за приватност се однесува за процесирање на лични податоци кои се собираат и процесираат онлајн, како и лични податоци собрани преку други канали (телефон, наградни игри и други канали на продажба)
Политиката за приватност на Mint Store цели да ви даде јасна слика на тоа како ги обработува Вашите лични податоци кои ни ги споделувате, нашата посветеност кон нивната заштита, Вашите права и опциите кои ги имате за контрола на Вашите лични информации и заштита на вашата приватност.













