Додаток во исхраната за деца што содржи живи бактериски култури Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium lactis, инулин, витамин Ц и цинк, за стимулирање на добрите бактерии во дигестивниот тракт, намалување на стомачните тегоби и запирање на дијареата.
Чоколадни мечиња со детски добри бактерии и пребиотик.
Неодолив чоколаден вкус кој децата го сакаат.
100% од препорачаната дневна доза за деца на цинк и на витамин Ц.
Не содржи глутен, шеќери и конзерванси.
Probival Choco + C + Zn е симбиотик кој содржи пробиотски и пребиотски култури. Благодарение на единствената формулација, ефикасно може да помогне во сите состојби кога е нарушена цревната флора и кога ќе дојде до дијареја. Доаѓа во облик на чоколадни мечиња за џвакање кои децата ги сакаат и лесно ги прифаќаат. Содржи добри млечно-киселински бактерии и бифидо бактерии, наречени „детски бактерии“ бидејќи се природни жители на цревниот тракт и најдобри испитани пробиотски бактерии. Пребиотикот инулин, цинкот и витаминот Ц во составот дополнително придонесуваат за исклучителна ефикасност на овој производ. Во согласност со препораките на СЗО и UNICEF, цинкот се препорачува во терапија на акутна дијареја, бидејќи го скратува времетраењето и ги ублажува симптомите.
Употреба:
За деца до четири годишна возраст се препорачува едно чоколадно мече дневно, а деца постари од четири години можат да земаат и две мечиња дневно. Се препорачува употреба на чоко мечињата два часа пред оброк. Доколку се користат со антибиотик, се препорачува употреба најмалку три часа по земањето на антибиотикот.
















