CeraVe Oil Cleanser 236ml– Нежен маслен чистач кој ефикасно ги отстранува нечистотиите и вишокот себум без да ја наруши природната заштитна бариера на кожата. Формулиран со 3 есенцијални церамиди и липиди, ја остава кожата мека, хидрирана и смирена. Погоден за лице и тело, особено за сува и чувствителна кожа.
CeraVe Moisturising Cream 177ml – Богата хидратантна крема која обезбедува долготрајна хидратација до 24 часа. Содржи хијалуронска киселина и церамиди кои ја обновуваат кожната бариера и спречуваат губење на влага. Брзо се апсорбира и не остава мрсни траги.
Предности:
Дерматолошки развиен сет за секојдневна нега.
Погоден за чувствителна, сува и атопична кожа.
Без парфем и хипоалергена формула.
Идеален за целосна рутина: чистење + хидратација.
















