Bivits Selen 55 µg е додаток во исхраната кој содржи оптимална количина на селен – есенцијален минерал со силно антиоксидативно дејство. Селенот придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес, нормално функционирање на имунолошкиот систем и одржување на здрав изглед на косата и ноктите.
Редовното внесување на селен придонесува за:
– Нормално функционирање на имунолошкиот систем.
– Заштита на клетките од оксидативен стрес.
– Нормална функција на тироидната жлезда.
– Здрав изглед на косата и ноктите.
– Поддршка на репродуктивното здравје.
















