Bionika HALLSEPT спреј е медицински производ за локална примена во устата и грлото, наменет за олеснување на симптоми како болка, иритација и воспаление на слузницата.
HALLSEPT спреј е формулиран со активни состојки кои имаат антисептичко, антибактериско и смирувачко дејство, со цел да ја намалат болката и да ја заштитат слузницата на устата и грлото. Се користи при:
– воспалено грло,
– иритација на усната шуплина,
– први симптоми на настинка или инфекции,
– после стоматолошки интервенции.
Состав:
Хлорхексидин – антисептик кој делува против бактерии и спречува нивно размножување.
Лидокаин – локален анестетик кој ја намалува болката и иритацијата.
Ментол и етерични масла – обезбедуваат чувство на свежина и смирување.
















