P-5-P (пиридоксал-5-фосфат) претставува супериорна активна форма на витамин Б6 (пиридоксин), чија конверзија настанува во црниот дроб. Лесно се апсорбира од телото и почнува да делува речиси веднаш штом ќе се внесе. Постојат неколку форми на витамин Б6 кои се сметаат за пиридоксин-витамери, но само P-5-P има активна коензимска улога. Го контролира метаболизмот на амино киселините, помага во производството на невротрансмитери и е кофактор за повеќе од 150 ензими во нашето тело.
Кога се зема како дневен додаток, P-5-P го подобрува глукокортикоидното дејство, кое има природен антиинфламаторен потенцијал, со што го зајакнува имунолошкиот систем. Помага во варење на храната со разградување на мастите, протеините и јаглехидратите и го поттикнува создавањето на црвени крвни зрнца. Овие важни процеси се од суштинско значење и помагаат да се одржи целокупното здравје на поединецот.
Одржува здрави нивоа на хомоцистеин.
Ги намалува симптомите на ПМС.
Поддршка на позитивното расположение и релаксација.
Здраво формирање на црвени крвни зрнца.
Го олеснува меѓуклеточниит транспорт на магнезиум.
Го намалува интензитетот на утринските мачнини за време на бременост.
Се препорачува при:
Дијабет тип 1 и 2
Хипертироидизам
Сидеробластна анемија
Периферна невропатија
Хроничен замор
Алкохолизам
Бременост и доење.















