Враќање на производот

  • Потрошувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датум на испорака. За остварување на правото на замена односно враќање на производ важи следниот услов:
  • Производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот.
  • Доколку дојде до откажување на одредена нарачка, Mint Store го известува добавувачот за средствата да ги врати на истата банкарска сметка на едно од финансиските друштва.
  • Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот.
  • Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен. По истекот на 15 дена од денот на достава,потрошувачот го губи правото на замена.
  • Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и Фактура-испратница кои на потрошувачот му била издадена заедно со производот.
  • Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ според желбите на потрошувачот,клиентот има право по свој избор да бара да го раскине договорот или да одбере друг производ,односно да се промени првичната нарачка.