Новости

Домашна библиотека – Што открива твојот стил за тебе?

Mint Store домашна библиотека

Секоја домашна библиотека е приказна сама за себе. Начинот на кој ги поставуваш твоите омилени наслови открива многу за твојот темперамент, работни навики и креативност. 

Боите, формите, распоредот, сето тоа ја создава приказната за тебе. Полицата за книги има посебна улога. Таа не е само мебел, туку лична мапа на твоите интереси, навики и вредности. 

Пронајди се во еден од овие 7 профили и откриј која полица од Mint Store најдобро му прилега на твојот карактер.

1. Интелектуален бунтовник – кога знаењето расте во уметничка форма

Не прифаќаш шаблони и однапред поставени правила. За тебе, книгите не мора следат редослед, било да е по наслов или боја. Сакаш нештата твојот дом да предизвикуваат разговор. 

Тие можат да се движат,  да “растат”и да станат дел од една визуелна приказна. Како личност која сака динамика, инспирација од природата, ти сакаш и твојот домашен простор да ја поттикнува креативноста. Твојата домашна библиотека мора да пркоси на гравитацијата и очекувањата.

Совршен избор за тебе: Полица Tree (Атлантик) или Tree (Бела). Дизајнот во форма на гранки совршено одговара на твојот неконвенционален дух и потребата за уникатен естетски печат.

2. Урбан прагматичар – љубов кон индустрискиот стил и трајните вредности

Љубител на сировата естетика и вистинските материјали. Метал, дрво и цврста конструкција, без лажен сјај и непотребни украси. Твојот стил потсетува на урбан лофт, каде секој елемент има функција и карактер.

Не трпиш преправање – ја сакаш комбинацијата на ладен метал и топло дрво која потсетува на њујоршки лофт. 

Совршен избор за тебе: Полица Industrial или Полица Луксор. Металната конструкција зрачи со самодоверба и стабилност. Овие полици велат: „Моите книги се мојата тврдина“.

3. Мајстор на ефикасноста – функционалноста е секогаш на прво место

Гледаш потенцијал таму каде што другите гледаат празнина. Аглите не се проблем, туку можност. Секој сантиметар од просторот има своја улога, а редот и практичноста ти носат внатрешен мир. Не поднесуваш празен, неискористен простор и сакаш сè да изгледа „спакувано“ и богато.

Совршен избор за тебе: Аголна полица Havana или Havana бела. Аголните полици се за луѓе кои се снаодливи и интелигентни во организирањето. Викторија е за оние кои сакаат нежни кривини, додека Havana е за љубителите на остри, модерни форми.

4. Скриен романтичар – минимализам што смирува и инспирира

Твојот стил е нежен, чист и смирувачки. Сакаш заоблени рабови и светли тонови кои не го оптоваруваат окото. Твојата полица за книги е место за хармонија и релаксација, а не за хаос. На прв поглед делуваш едноставно, но зад чистите линии се крие чувствителна душа. 

Совршен избор за тебе: Аголна полица Викторија (Бела) Нејзините заоблени линии го омекнуваат просторот, додека аголниот дизајн покажува дека си мајстор за создавање простор каде што владее мир и хармонија.

5. Модерен архитект – љубител на геометрија, симетрија и баланс

Размислуваш во форми, симетрија и рамнотежа. Забележуваш детали што другите ги пропуштаат и сакаш мебел кој создава визуелна рамнотежа и игра со светлина и сенки. Сакаш кога мебелот игра со сенките на ѕидот и создава интересни визуелни поделби.

Совршен избор за тебе: Полица Емили (Атлантик). Бидејќи деталите ја прават разликата помеѓу обична соба и вистински дом.

6. Естетски колекционер – кога полицата станува лична галерија

За тебе, полицата не е само за книги. Таа е изложбен простор за спомени, сувенири од патувања, декоративни предмети и мали уметнички дела кои имаат приказна. Твојата полица мора да издржи тешки колекционерски изданија, но и да изгледа доволно „cool“  

Совршен избор за тебе: Полица со метална конструкција Крафт. Комбинираните прегради го поддржуваат твојот динамичен стил на складирање и нудат доволно простор за сите тие „набрзина оставени“ наслови.

7. Визионер на ѕидот – љубов кон леснотија, простор и слобода

Не сакаш кога работите се „тешки“ и гломазни. Преферираш лесни, лебдечки решенија кои му даваат на просторот чувство на воздух и слобода. За тебе, ѕидот е платно за креативно изразување.

Совршен избор за тебе: Ѕидна полица Arte. Таа зазема минимален визуелен простор на ѕидот, а го истакнува само она што е најважно – твоите внимателно избрани ремек-дела.

Полицата како продолжение на твојот карактер

Без разлика дали си урбан минималист, романтичар или креативен бунтовник, твојата полица треба да ве поддржува – и функционално и естетски. Таа е дел од вашата приказна и заслужува внимателен избор.

Откриј ја полицата што најмногу ти одговара на Mint Store и претвори ја твојата домашна библиотека во простор што зборува за тебе.