Новости

Летен SOS: Совети за топ стил и разладување на +30°C лето!

Mint Store лето

Летото има едно непишано правило: колку помалку комплицираш, толку повеќе уживаш.

Помалку слоеви, повеќе леснотија. Помалку грижи, повеќе сонце. Помалку „што ми фали?“, повеќе „спремна сум за плажа, кафе, викенд и базен во секој момент“. Без разлика дали се подготвуваш за на плажа, планираш зајдисонце-коктел или едноставно сакаш да преживееш во летните горештини, ти подготвивме супер корисни летни совети

Сè што ти треба за совршено лето (и секако, совршени фотографии за инстаграм) те чека на само еден клик на Mint Store. Ајде да започнеме!

 

Сламени чанти: Твојата нова BFF за летниот стил 

Ако постои парче кое вреска „ЛЕТО“, тоа е сламената чанта. Таа веќе не е резервирана само за на плажа, исто совршено се комбинира со лесни ленени фустани и попладневни прошетки низ град. Го собира целиот твој свет, а изгледа неверојатно шик.

Летен совет: Внатре во чантата врзи шарена свилена марама – така таа ќе добие сосема нов, уникатен лик прилагоден на твојот стајлинг!

 

Летни наметки: Најпотценетото парче во летниот гардеробер (за на плажа!) 

Како да поминеш од плажа директно во најблискиот бар на по пијалок? Одговорот е едноставен: лесна, лелеава наметка. Го заштитува телото од силното сонце, а ти дава доза casual-chic момент кога не сакаш премногу да се трудиш, а сепак сакаш да изгледаш средено. 

Комбинирај ја со шорцеви и топ, со едноделен или дводелен костим за капење, со сандали и сламена чанта – и добиваш комбинација што изгледа како да си вложила многу труд, а всушност целиот look е решен за неколку минути. 

 

Очила за сонце: Не се само за стил – тие се потреба! 

Да, добрите очила за сонце прават да изгледаш одлично. Но уште поважно, тие се заштита и удобност во денови кога сонцето не прашува дали си подготвен. Затоа, ако летово купуваш само еден моден аксесоар, нека бидат квалитетни очила за сонце. 

 

Мирисај на лето: Леснотија, свежина и добро расположение  

Постојат парфеми што се „за навечер“, парфеми што се „за зима“ и парфеми што едноставно мирисаат на лето. Токму тие последните се оние што сакаш да ги носиш во денови кога сè е полесно, посветло и поопуштено.

Во летните месеци, најубаво функционираат мириси што се свежи, овошни, нежни, но доволно впечатливи за да останат запаметени. Затоа во летната beauty рутина вреди да додадеш парфем што ќе ти биде „мирис на сезоната“.

Ние сме комплетно вљубени во Khadlaj Nuha колекцијата:

 

SPF кремот е закон: Кожата не преговара со сонцето! 

Ако научивме нешто изминативе години, тоа е дека без крема за сончање не се излегува од дома (дури и кога е облачно!). Bioderma е синоним за врвна медицинска заштита која максимално ја негува кожата.

Летен совет: Нанеси SPF пред излегување и обновувај го редовно, особено по капење, потење или долг престој на сонце.

 

Твој двор, твои правила: Донеси го летото дома со Intex базени 

Не секое летно освежување мора да почне со патување. Понекогаш доволно е двор, добра екипа, ладен пијалак и базен што ќе го претвори денот во мини одмор. Токму затоа базените се совршени за разладување, посебно ако сакаш децата да уживаат, а и ти да имаш свое место за разладување. 

 

Што навистина ти треба ова лето? Помалку хаос, повеќе уживање 

Летото не е натпревар за совршен одмор. Тоа е сезона на мали радости, утринско кафе на тераса, спонтан викенд, ден на плажа, мирис на парфем што ќе те потсетува на јули, нови очила, омилена чанта и базен во двор што ќе ги спаси најжешките денови. 

На Mint Store ќе ги најдеш токму тие летни фаворити: од модни додатоци и beauty essentials, до практични решенија за домот и семејството. 

Ова лето се гледаме на плажа (или во двор)! Сè што ти треба за незаборавно лето веднаш те чека на Mint Store.